Со стандарден објектив за зумирање од 18-55мм: 16,2 милиони точки, HD видео, LCD екран од 7,5см, 5,5fps, 3D режим на панорама
Компактен и едноставен за користење со DSLR квалитет: со објектив за зумирање за секојдневна употреба
Тенок, лесен и компактен дизајн: Најмалиот и најлесниот* фото апарат во светот со заменливи објективи и сензор со APS-C големина.
Exmor™ APS HD CMOS сензор со 16,2 милиони точки: Голем (APS-C големина) сензор за слика кој снима слики со голема резолуција, мал шум и квалитет од DSLR фото апарат: исто така, поддржува снимање на HD видео.
Систем со E-монтажен заменлив објектив: Изберете го совршениот објектив кој ќе одговара на условите за фотографирање, исто како и DSLR. Опционален конвертор за A-монтажни DSLR објективи.
Комплет со еден објектив за зумирање:: Вклучува куќиште на фото апаратот и стандарден зум SEL1855 за секојдневно фотографирање.
HD видео: Снимањето видео снимки со еден допир нуди рамномерни и детални 720p видео записи и стерео звук во MP4 формат за едноставно споделување на интернет.
3D режим на панорама: Снимајте исклучително широки слики и гледајте ги во 3D на компатибилен 3D телевизор.
Лесно, интуитивно ракување: Практичен интерфејс "Photo Creativity" со контролно тркалце за брз пристап до креативните поставувања.
Уметнички ефекти на слики: Направете палета на возбудливи креативни ефекти - вклучувајќи намалување на тонови, делумни бои, ретро, осветлени тонови, монохроматски и фото апарат - играчка.
Режим на мека кожа: Автоматска доработка на портрети, отстранување на помали испакнатини и нерамнини за прекрасни лица.
Брзо секвенцијално снимање: Снимајте динамични сцени со брзо секвенцијално фотографирање до 5,5 слики во секунда (фиксен AF во режим со приоритет на брзина).
7,5см/3" TruBlack LCD екран со завртување: Екран со фото квалитет (921k точки) и TruBlack технологија за осветлен преглед на слики со неверојатно висок контраст.
Интелигентен автоматски режим: Автоматски ги препознава честите ситуации за фотографирање и врши прилагодување на параметрите на фото апаратот за добивање прекрасни резултати.
Контрола на дефокусирање на позадина: Само свртете го вртливото копче за да ја прилагодите длабочината на фокусот и погледнете ги прекрасните ефекти на заматување на екранот.
SteadyShot: Уживајте со вградената оптичка стабилизација на слика додека снимате рачно (со компатибилни објективи).
Автоматски HDR: Автоматско фотографирање и комбинирање на три слики со различни поставувања на експозиција за снимање на исклучителни сенки и нагласени детали.
Режим на рачно снимање во самрак: Автоматско комбинирање на брза серија од шест слики за создавање единствена слика со мал шум, при услови на слаба осветленост.
Прецизен дигитален зум 10x: Зголемување на сликата со висок квалитет за приближување до случувањата - нуди зголемување до 10x со секој објектив.
Брз AF со 25 точки: Автоматско анализирање на сцените при снимање со прегледување во живо, предвидувачки автоматски фокус пред притиснување на копчето за бленда.
BIONZ процесор: Моќната обработка на слика обезбедува јасни детални слики со мал шум и фотографирање со брз одзив.
Откривање на лице: Автоматско прилагодување на фокусот, експозицијата и балансот на белата боја за појасни портрети: можност за поставување приоритет за снимање на деца или возрасни.
Бленда со функција за насмевка: Автоматско активирање кога некое лице ќе се насмевне: со прилагодување на прагот на насмевка и избор на приоритет за деца/возрасни.
Оптимизатор на D-опсег: Прилагодување на експозицијата и контрастот за добивање на природни резултати во сцени со силен контраст и портрети со задно осветлување.
Отстранлив блиц: Лесен и компактен испорачан блиц со стил кој е усогласен со куќиштето на фото апаратот: се прикачува на интелигентниот приклучок за галантерија.
Двоен систем за заштита од прав: Заштита на сензорот од честички од прав додека го менувате објективот.
Вградени совети за фотографирање и водич за помош: Подобрете ги вашите вештини за фотографирање со лесно разбирливите совети на екранот за да го извлечете максимумот од вашиот фото апарат.
HDMI® излез: HDMI® излез за гледање на HD телевизор, плус PhotoTV HD режим за оптимизирање на фотографиите кои ги гледате на компатибилен BRAVIA телевизор.
BRAVIA Sync: Овозможува директна контрола на функциите за репродукција на фото апаратот преку далечинскиот управувач од BRAVIA® телевизорот.
Може да се користи со iMovie: Сертификат од Apple за компатибилност со iMovie за Mac: вчитување на вашите видео снимки директно во iMovie за уредување.
*: Во групата на дигитални фото апарати со заменливи објективи со APS-C големина на сензор за слика, почнувајќи од јуни 2011 година.
Sony NEX-C3K, Бела
Sony NEX-C3K. Боја на производот: Бела